Родителите на Дарко Лазиќ, кој осум дена лежи во КБЦ Земун, секојденвно доаѓаат кај синот, распрашувајќи се за неговата состојба и пружајќи му поддршка.
Таткото Милан, мајката Бранка, свршеницата Марина утринава расположени излегле од болницатa.
-Многу е полесно. Како не е лесно-рекол таткото на Дарко.
Свршницата Марина била насмеана, видно расположена, а на прашањето дали го бакнала Драко, не одговорила, завртела со главата, но нејзиниот поглед и насмевката говореле дека тоа се случило.
Таткото и мајка му рекле дека Дарко, кога се ќе помине, ќе направи голема забава.
Стручниот тим на лекари кој се грижи за Дарко, овие денови треба да донесе одлука кога на пејачот ќе му биде оперирана ногата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.