| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко веќе нема да може да пее: Пејачот е разбуден од кома, но прашање е дали ќе може нормално да дише!

Пејачот Дарко Лазиќ кој на 23 октомври доживеа тешка сообраќајна несреќа во близина на родното село, се разбуди од кома, но прашање е дали без апарати ќе може нормално да дише.

-На пејачот во несреќата пробиено му е белодробното крило и прашање е без апарати дали ќе може нормално да дише, а не пак да пее со полни гради, како кога бил здрав. Закрепнувањето во вакви случаи трае повеќе и до една година. Ако има среќа се да биде како што треба Дарко ќе мора да го промени животот од корен. Нема веќе пеење, лудување, како ни брз живот. Тој некое време ќе мора да користи вештачки бели дробови, бидејќи  неговите ќе мора да штедат и заздравуваат. Дарко нема да може да направи ништо сам, ќе мора да има домашна нега и некој стручен кој ќе се грижи за него, барем некое време- рекол извор од болницата.

Пулмолог од болницата нагласува дека примарно е Дарко да ги сочува белите дробови.

-После политраумата која ја доживеа, најважно е да се сочуваат белите дробови, така што е неосновано да се зборува за тоа дали ќе може да пее. Доживеа тешка повреда на градите, акутен респираторен дистрес и контузија, која може да биде една од причините за „откажување“ на белите дробови- вели таа.

Она што е познато е дека Дарко пет години е без возачка дозвола која поради прекршок му е одземена уште во 2013, а наводно нема ни здравствена книшка. Од документи пејачот има само пасош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top