Дарко Лазиќ денеска е разбуден од вештачка кома, во која беше 6 дена, откако минатата недела доживеа тешка сообраќајна несреќа во близина на своето родно село, а докторите откриваат нови детали за неговото закрепнување.
Имено тие решиле да не му даваат лек кој го заспива и смирува, додека шансите за закрепнување му се поголеми сега.
Од моментот кога е примен во болница, Дарко беше во вештачка кома. Лекарите утврдиле дека има подлив на главата, девет скршени ребра, прелом на бутната коска, како и карлицата.
-За да има поголема можност на закрепнување, пациентот мора да биде мирен, што се постигнува со лекови. Му се одзема свеста, муксулите се релаксираат со лековите против болка и така се додека организмот не закрепне малку. Потоа полека се исклучуваат лековите. Се враќа свеста, се враќаат движењата – рекле лекарите појаснувајќи ја состојбата на Лазиќ.
-Со оглед на повредите на белите дробови, останува на машина со чија помош дише-додале тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.