| четврток, 6 декември 2018 |

Се молеле, па тргнале во болница: Бабата на Дарко открива во каква состојба е пејачот!

Роднините и пријателите на пејачот Дарко Лазиќ, кој во вторникот доживеа тешка сообраќајна несреќа,  утринава  присуствувале на уште една молитва за негово оздравување.

Милка, бабата на Дарко, исто така била на молитвата, но потоа останала дома. Таа во телефонски разговор раскажала каква е состојбата на пејачот.

-Родителите дури сега тргнаа во болница, бидејќи сите присуствувавме на молитива за негово оздравување. Ноќта минала мирно. За сега нема никакви промени кои се однесуваат на неговатата состојба-рекла баба му.

Утринава во КБЦ Земун е мирно. Вработените велат дека во викенд нема конзилиум.

-Во викенд нема конзилиум на лекарите, така што нешто повеќе ќе се знае после визитата- рекле утринава во болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top