Дарко
Дарко Лазиќ вчера е опериран, а ноќта по операцијата поминала без компликации. Во болницата утринава освен семејството, во болницата дошол и пријателот на пејачот.
-Ме пуштија да го видам. Само очите му се гледаат. Скршениците се ставени на истегнување да не зараснат додека не дојде на себе. Хематомот на главата се повлекува, денеска е подобра ситуацијата. Тоа е многу важно-рекол пријателот на Дарко.
Тој додал дека семејството и пријателите веќе разговарале со лекарите на ортопедија во Бањалука, каде им е кажано дека ќе го примат по итна постапка, кога ќе се санираат повредите на главата и да се среди општата состојба на Дарко.
Колкот и ногата ќе му ги прават во Бањалука, се е завршено, само нему да му биде подобро – рекол пријателот на Дарко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.