| четврток, 6 декември 2018 |

Молете се за Дарко, во име на неговото и мое малолетно дете: Ана Севиќ упати потресна порака!

Ана Севиќ повторно се огласи на својот Инстаграм профил по повод различните информации кои кружат по интернет, а врзани се за нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ, кој пред три дена доживеа сообраќјна несреќа, после која докторите во КБЦ Земун непрекинато се борат за неговиот живот.

-Во име на Дарко и моето и негово малолетно дете, родителите на Дарко и мојата маленкост, ги замолувам медиумите да престанат да пренесуваат информации од „проверени извори, наводни менаџери“, кои јн нарушуваат пред се приватноста на Дарко и било каква морална етика. Никој освен директорот на КБЦ нема право, ниту овластување да дава било какви информации за состојбата на Дарко, ниту е упатен во истата-напиша Ана.

Таа исто така истакнува дека сите кои внесуваат немир и шират паника во семејството со своите објави, ќе бидат тужени поради ширење лаги.

-Молете се за Дарко, тоа сега е единствено потребно-била јасна Севиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top