| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пат отиде сам, без мене: Возачот на Дарко Лазиќ скршен од болка!

Возачот на Дарко Лазиќ и еден од неговите најдобри другари, Миљан Врачевиќ, вели дека Дарко прв пат седнал сам зад воланот, без него и дека страдал.

Тој додава дека не може да прежали што не бил со него, да пази на него, како што секогаш правел.

-Јас секогаш го чував и ништо не му фалеше. Не се одвојувавме еден од друг. Тој прв пат отиде без мене, без никого. Само накрато остана сам и ете што се случи- раскажал Миљан.

Тој додал дека Лазиќ му е повеќе од пријател.

-Го гледав како родено дете, тој израсна крај мене. Криво ми е и жал ми е што не бев со него, што не бев јас зад воланот. Цел се ежам кога размислувам за тоа, многу ми е жал- вели Врачевиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top