Лекарите во КБЦ Земун го оперирале пејачот Дарко Лазиќ и му го запреле внатрешното крварење.
Операцијата траела два часа, Дарко е префрлен во шок соба, но се уште не се знае исходот на зафатат врз него, односно неговата состојба се уште е критична.
Одредени медиуми пишуваат дека пејачот бил на операција поради внатрешното крварење во стомакот, но тоа се уште не е потврдено. Според некои информации, станува збор за компликцаии со белите дробови, но се појавија и информации дека лекарите му го отстраниле бубрегот, кој откажал.
Она што е извенсо е дека лекарите му го сопреле внатрешното крварење, а Дарко е префрлен на интензивното одделение.
Откако повеќе од два часа чекале во болничкиот ходник, болницата ја напуштиле таткото, поранешната сопруга и свршеницата на Дарко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.