| четврток, 6 декември 2018 |

Шестмесечно бебе оживеа среде неговиот погреб

Шестмесечно бебе, кај кое лекарите констатирале смрт, оживеало за време на неговиот погреб. Несекојдневниот случај е забележан во градот Урмија во Иран. Откако лекарите го прегледале детето, констатирале дека тоа не покажува значи на живот и прогласиле смрт.

Телото било пренесено на гробишта, но за време на погребот било откриено дека детето е живо. Семејството било во шок и се заблагодариле на Бога за ова чудо, пренесува „Спутник“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top