Јуниорките на Чешка ја победија селекцијата на Македонија со 65-49, во натпревар од Европското првенство, Б дивизија во Албена.
Клучна за високиот пораз беше третата четвртина што нашите надежи ја загубија со 7-22. Во останатите 3 периоди се играше рамноправно, но тоа не беше доволно да се избегне високиот пораз.
Македонија со 9 бода од 6 натпревари се наоѓа на петтата позиција во втората фаза по групи, во конкуренција на 9 репрезентации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.