Радосни се првачињата, а радосни се и родителите кои денеска ги донесоа своите деца на првиот училишен ден. Меѓу познатите родители е и Миа Костова, која му посака среќа на својот Андрија.
– Каде бе ти волку голем? Среќно мајка! – објави Миа.
Прваче има и во семејството на Перо Антиќ.
И новинарската брачна двојка, Славица Арсова и Александар Спасов, денеска ја испратија нивната ќерка во прво одделение.
- Тргнавме во училиште. Со солзи, со сВе. Мислам јас и Јасна. Григор си беше супер – напиша актерот Рубенс Муратовски, кој денеска за првпат го испрати својот син во училишните клупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.