Кога помисливме дека стартот на годината меѓу градежни скелиња во скопски Центар е нешто невидено, тогаш информацијата дека во кумановско Черкези првачињата тргнаа да учат во чајџилница наместо во училиште треба да ја сместиме во рубриката „верувале или не“.
Но тоа е вистина. Дечињата од ова кумановско село цел месец ќе мораат да учат во подрумот под чајџилницата бидејќи нивното училиште се уште се реновира. Точно е дека се реновира целосно, но веројатно и општината и менаџментот на училиштето добро знаеја дека стартот на учебната година ќе биде на 3 септември.
Градоначалникот на Куманово вели дека понудил децата да се распоредат во други училиште но родителите одбиле.
Погледнете ја приказната на ТВ 21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.