ОУ „Гоце Делчев“ денеска ги извести учениците и нивните родители дека немаат распоред за часови, што значи нема да работат поради незавршени градежни работи внатре во училиштето и надвор. Во училишната зграда нема врати, Родителите сведочат дека скелињата се поставиле пред неколку дена и сеуште се таму, а дворот е полн со шут и ѓубре. Се шпекулира дека се поплавени подрумските простории.
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ пред почетокот на училишната година ветуваше дека се ќе биде завршено, но тоа не е случај. Дали сега оттаму ќе ја преземат одговорноста? Дали ќе учат за викенди? …се прашања кои се обидовме најпрво на телефон да ги добиеме од Општина центар, но никој не се јави. Испративме прашања и на мејл на Општината, но не сме добиле одговор.
Се зборува дека училиштето ја известило Општината за состојбата и добиле одобрување да почнат со работа. Дали Градоначалникот Богдановиќ им дозволи да работат во вакви улови?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.