Друштвото за издавачка дејност „МАКЕДОНИКА“ од Скопје и Државниот архив на Република Македонија деновиве го објавија полициското досие на Павел Шатев, како четврти том од оставината на Шатев. Преводот е на Предраг Димитровски, а стручната редакција и предговорот се на проф. д-р Зоран Тодоровски.
Полициското досие на Павел Шатев е водено од Управата за државна безбедност на Македонија, позната како УДБА, објавено интегрално и автентично – со неговиот јазик и стил на изразување. Досието е богато со нови податоци и моменти од револуционерната, политичка и разузнавачка дејност. `Досието УДБА` опфаќа осум записници од неговите сослушувања пред иследниците на УДБА, од 7 јули 1948 до 2 август 1950 година. Во него се вклучени уште една негова изјава за д-р Филип Атанасов и два записника на УДБ-а, односно изјава на Митко Зафировски за Павел Шатев, од 8 септември 1949 година, и изјава на Славе Иванов за Шатев од 1950 година, што ја дополнуваат целосната револуционерна и разузнавачка дејност на Павел Шатев.
И покрај тоа што главната цел на иследниците била да ја разоткријат разузнавачката улога на Павел Шатев во услуга на Советскиот Сојуз, во записниците од полициското досие на преден план доминира неговата севкупна револуционерната дејност, особено: активноста во редовите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија; улогата во потпишувањето на Мајскиот манифест во Виена во 1924 година, активноста во ВМРО (Обединета); односите и споровите со Бугарската комунистичка партија во однос на македонското прашање и неговата борба за решавање и афирмација на македонското прашање.
Павел Шатев е еден од најистакнатите македонски револуционери, национални дејци, политичари и државници. Неговата оставина изнесува повеќе од 4000 страници во ракопис. До крајот на годинава МАКЕДОНИКА и Државниот архив ќе објават уште четири тома од оставината на Шатев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Македонија го започнува процесот на скрининг за преговорите со ЕУ