На 31 октомври 2018 година во 12 часот, во конференциската сала на НУ Музеј на македонската борба – Скопје, ќе се одржи свечена промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“ од авторот Ангелина Поповска.
Книгата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, а издадена од страна на издавачката куќа „Каламус“ – Центар за културно и духовно наследство. Промотори на изданието се проф. д-р Драган Булатовиќ од Филозофскиот факултет и управник на центарот за музеологија и херитологија во Белград, Република Србија и проф. д-р Елизабета Димитрова од Филозофскиот факултет во Скопје, Институтот за историја на уметност и археологија.
Авторот е советник-конзерватор во НУ Националниот конзерваторски центар во Скопје со долгогодишно искуство во дејноста, а книгата се осврнува на конзерваторската практика и нејзиниот континуиран развој во нашиот регион. Посебно е истакнат пресекот на 70 годишната практика во конзервацијата на икони низ призмата на Охридската збирка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска во Кино „Култура“