| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 70 Американци се предозираа со синтетичка марихуана

Најмалку 71 лице се предозираа во еден парк во Њу Хевн, Конектикат, во САД откако консумираа некој вид синтетичка марихуана позната како K2.

Иако за сега никој не почина, некои од предозираните лица се во критична состојба. Уапсен е еден дилер, објави весникот Ен-би-си њуз.

Првото предозирање беше пријавено во близина на познатиот Универзитет Јеил во вторникот вечерта. Уште три случаи биле пријавени во паркот Њу Хевн Грин таа ноќ.
Следното утро, 18 луѓе колабираа во овој парк во опсег од само три и пол часа. Некои се онесвестија, додека други халуцинираа, повраќаа и покажуваа други симптоми на предозирање како што се тешкотии при дишењето и аритмија – а сето тоа пред очите на преплашените минувачи и посетители на паркот.

Како што јавува „Фокс њуз“, бројот на предозирани лица до крајот на денот се искачил на 76.

Трендот на предозирање со опијати, кои во многу случаи се синтетички производи или легални лекови за болка кои се злоупотребуваат, станува се поалармантен.

Во 2017 година, од предозирање починаа 72.000 Американци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top