| четврток, 6 декември 2018 |

Коневски:Горно Лисиче ќе добие нов парк!

Продолжуваат предизборните активности на актуелниот и кандидатот за уште еден градоначалнички мандат за Аеродром од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Ивица Коневски.

-Од бројните проекти што ги предвидовме во предизборната програма за Општина Аеродром, денеска го промовиравме конкретно проектот за изградба на нов парк во населбата Горно Лисиче.
Новиот парк ќе биде изграден во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, така што и оваа населба ќе добие не само ново катче за рекреација, туку модерен лик каков што доликува на секоја урбана општина. За хортикултурно и партерно уредување на просторот со поставување урбана опрема предвидовме 6 милиони денари.
Дозволете ми да ги поканам граѓаните на претстојните локални избори исто така да го дадат својот глас за кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можеме да го реализираме не само овој, туку и други проекти предвидени во изборната програма-напиша Коневски на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top