
Општина Аеродром изминативе неколку година активно работи на раззеленување и урбанизација на просторот на својата територија. Во таа несока, изградени беа многу паркови каде жителите можат а се релаксираат, а еден од нив е и паркот „Бановина“ во Горно Лисиче. Тој е само еден од над 200-те проекти реализирани за време на вториот мандат на градоначалникот Ивица Коневски во периодот од 2013 до 2017 година.
Вкупна површина на овој парк е 6.500 квадратни метри, во него има зелена површина на 3.000 квадратни метри со 50 видови зимзелени и листопадни растенија. Исто така има и езеро на две нивоа со пешачки мост, видиковец, детско игралиште, пешачки патеки, жардиниери, чешми за пиење вода, канти за отпадоци и клупи и комплетно осветлување со нови штедливи канделабри и со сопствен систем за наводнување на зеленилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Зад зградата на Филхармонија ќе се гради парк
-
Повеќе од 70 Американци се предозираа со синтетичка марихуана
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…


