| четврток, 6 декември 2018 |

Oпштина Карпош реагира: Идиотизмот на СДСМ кулминираше, зошто со нож ги сечевте јажињата на лулашките?

СДСМ- овскиот идиотизам по изминативе два дена, денеска кулминираше. Социјалдемократите се полудени од убавината и атрактивноста, а пред сѐ, од желбата и интересот за користење на лулашките и детските реквизити во новоотворениот модерен парк од страна на најмладите жители, не само од Карпош, туку од цело Скопје, пишува општина Карпош во своето денешно соопштение.

– СДСМ навечер праќа свои активисти да го уништуваат паркот, за потоа преку ден да држат прес конференци. Убавите паркови, фасадите, покривите на зградите и индивидуланите куќи, реновираните лифтови, новите училишта, стипендиите и наградите на учениците, асфалтирањето на улиците не можат да бидат предмет на фарбање од страна на „Шарената револуција“. Тие сега имаат нова стратегија: уништување на лулашки, клупи, клацкалки и други детски реквизити. Граѓаните на Општина Карпош се среќни што фекалната и атмосферската канализација е длабоко во земја, инаку активистите на СДСМ би се претвориле во стаорци, за да тоа што е добро направено за граѓаните на Општина Карпош да го уништат. Прашуваме зошто со нож ги сечевте јажињата на лулашките?

– Зошто вие од СДСМ кога видовте дека не можете да ја срушите лулашката отидовте дома да земете клучеви – (крцкалка), за да ја превртите и денес од неа да направите фотосесија? Во прилог на целата македонска јавност ги изнесуваме фотографиите од лулашките од детското игралиште.

Можно ли е овие челични анкери да ги извитка шест годишно дете?, прашуваат од скопската општина.

Дали е можно шест годишно дете со нож да ги сече истите? Срамота за СДСМ! Знаеме што лошо можете да им направите на граѓаните на Општина Карпош, кажете и на јавноста – што добро можете, се вели во реакцијата на Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top