| четврток, 6 декември 2018 |

Зад зградата на Филхармонија ќе се гради парк

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, најави уредување и изградба на нов парк на просторот зад објектот на Македонска филхармонија.

-Овој простор со години се користи како нелегален див паркинг. Бидејќи станува збор за неасфалтирана површина, на ова место паркираните возила разнесуваат прашина која дополнително го загадува воздухот и кал во дождливите денови која по напуштањето на паркингот се разнесува по улиците. Притоа подземниот паркинг под МОБ и Филхармонијата иако има огромен капацитет стои неискористен, рече Шилегов

Тој, додаде дека на ова место ќе биде изграден парк со површина од 14.000 м2 што го прави овој парк поголем и од Паркот на жената борец. Од овие 14.000 м2 за зеленило се предвидени околу 8.000 м2 во рамките на кои покрај постојните 23 дрвја ќе бидат засадени уште 60-тина нови садници. Остатокот од површината ќе биде зафатен со пешачки и велосипедски патеки, клупи, корпи за отпадоци, чешми, канделабри за осветлување и друго.

фото:вечер.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top