| четврток, 6 декември 2018 |

Попов продолжува во Вест Бромвич Албион

Горан Попов и во следната сезона ќе го носи дресот на Вест Бромвич Албион, а денеска англискиот премиерлигаш  ги заврши разговорите со Динамо Киев, чиј играч со договор е македонскиот интренационалец. Попов ќе биде позајмен на една година, со што го продолжува престојот на„Хауторнс“. Горан е единствениот Македонец што моментно игра во англиската Премиерлига.

Отсекогаш беше наша желба да се задржи Горан во клубот. Тој веќе мина една година овде и ги задоволи нашите вкусови, одигра сосема солидна сезона и со нетрпение очекуваме да продолжи да се развива во уште подобар фудбалер. Точно знаеме што да очекуваме од него, станува збор за фудбалер со нешто поразлични карактеристики од Лијам Риџвел, па ќе биде интересно да се следи битката за прв лев бек во тимот за новата сезона“ – изјави Стив Кларк за сајтот на ВБА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top