| четврток, 6 декември 2018 |

Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор

Мајка и нејзиниот љубовник од Портсмут во Англија се осудени на речиси 50 години затвор поради “детално планирано” силување на нејзините тогаш 5 годишна ќерка и син, кој сè уште бил бебе.

Тие четири месеци “систематски” сексуално ги злоставувале двете деца, а 12.500 пораки на социјалните мрежи откриваат дека ужасните злосторства биле планирани до детаљ.

Љубовникот имал перверзни сексуални нагони кон децата на најмлада возраст, беше констатирано на суд.

Во една порака на социјалната мрежа, мајката напишала дека ужива кога заедно ги преминуваат границите. Таа наводно присилно ѝ давала апчиња за спиење на својата ќерка за да можат да ја злоставуваат.

 

Тогашниот партнер на оваа жена дознал за злоставувањето кога ги погледнал пораките во нејзиниот телефон. Ужаснат, повикал полиција која откри болни сексуални и експлицитни фотографии. Обвинителот Сајмон Џонс рекол дека ова е најлошто нешто што го има видено инспекторот, а се има соочено со многубројни насилства врз деца.

 

 

Парот од околината Портсмут е осуден за планирање и силување на децата и давање супстанции со одредена намера.

Мајката е осудена на 22 години затвор, а нејзиниот љубовник на 25 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top