| четврток, 6 декември 2018 |

Англичаните се спасија во судиското продолжение

Фудбалската репрезентација на Англија дојде до победа против репрезентацијата на Тунис во последните минути од натпреварот и спречи нова сензација на СП во Русија.

Поведоа Англичаните со голот на Хари Кејн во 11 минута, а изедначи Саси во 35-тата минута од пенал.

Во вториот дел се играше многу претпазливо се до последните 10 минути кога Англија имаше иницијатива, а пресудниот момент се случи во 91-та минута кога Хари Кејн повторно беше најумешен во противничкиот шеснаесетник при корнерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top