Водечките британски здруженија за помош на жените – жртви на насилство соопштија дека семејното насилство се зголемило за време на одржување на фудбалското Светско првенство (СП) во Русија.
Бројот на жртви се зголемил за една петтина овој месец во кој англиската репрезентација остварила најголем успех на светските првенства во последните 28 година.
Националниот центар за семејно насилство во јули примил најмалку 3.500 пријави, односно 600 повеќе од просекот.
– По поразот од Хрватска сигурен сум дека ќе се јават уште жени. Ваков зголемен број може да се објасни само со нешто многу специфично, а единствено специфично што се случило е тоа дека сме загубиле на фудбалскиот натпревар – изјави директорот на центарот Марк Гровес.
Инаку, најпрецизното истражување за врската меѓу фудбалското СП и семејното насилство покажало дека инцидентите на север на Англија пораснале за 38 отсто кога загубија англиските фудбалети, а за 26 отсто кога Англија победила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП