По пауза од 28 години Англија е во полуфинале на Светското првенство во фудбал откако предмалку
без големи проблеми со 2-0 ја победи Шведска. Англија во полуфиналето ќе го чека победникот од мечот меѓу Русија и Хрватска кој се игра вечерва во 20 часот.
За Англичаните ова е само трето полуфинале на Мундијалите.
Почетните минути од натпреварот поминаа без поголеми возбудувања, првото големо се случи во 30. минута кога по еден корнер изведен од Јанг, Мегвајар погоди со глава за водство на Англија од 1-0.
Како се шутира со глава покажа Деле Али во 59. минута кога се најде осамен во шеснаесетникот на Шведска и погоди за 2-0 за Англија.
Три минути подоцна Шведска пропушти уште една голема шанса да се врати во мечот, Клаесон шутираше од убава позиција, Пикфорд уште еднаш одлично интервенираше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение
-
Работа од соништата на островот Сент Мичел во Корнвол, Англија-плата 32.000 евра