Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата работи на расветлување на случајот со 11 месечното дете кое било каснато во градинка. Министерството за труд и социјална политика информира дека е запознато со случајот за каснатото 11 месечно дете и дека е во постојан контакт со градинката.
-Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап- соопшти министерството.
Оттаму додаваат дека поради намалениот број на деца во јавните установи за деца детски градинки во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални следствено на возраста да се згрижуваат во помал број на занимални, но тоа не значи и зголемен број на деца во занималните.
Мајката на детето тврди дека тоа било изгризано и удирано во градинка. Таа на Фејсбук објави дека кога отишла да ја земе својата 11-месечнаа ќерка од градинка во Скопје, забележала видливи повреди на грбот на детето, по што веднаш отишла во болница. Од страна на воспитувачката ѝ било кажано дека најверојатно ја полазил инсект, но докторката го потврдила тоа во што се сомневала мајката, дека детето е гризано и удирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.