| четврток, 6 декември 2018 |

Маж со месеци силувал тригодишно девојче

Б.К. од Пирот е уапсен поради сомнение дека ја силувал три годишната Н.С.

Како што јавуваат српските медиуми, девојчето кое во декември треба да го прослави својот четврти роденден била жртва на манијакот од август до почетокот на ноември годинава, кога се дознал целиот случај, по што осомничениот е идентификуван и приведен.

-Монструмот три месеци се изживувал над немоќното дете. Ја напаѓал секогаш кога имал можност за тоа, изјавил извор од истрагата.

Осомничениот се товари за обљуба над детето и му се заканува затворска казна до 10 години.

-Патологијата кај нив е одамна дефинирана. Човек кој е во состојба да силува дете не може да се контролира во такви ситуации, нив просто тоа ги возбудува и чувствуваат желба за сексуален чин, вели психологот Зоран Мустеровиќ кој додава дека овие лица се патолошки болни.

Според него последиците по малечките се трауматични и непредвидливи.

-Големо прашање е како ќе се одвива раснењето на силуваните деца. Родителот е многу значајна, но недоволна поддршка и неопходно е да бидат вклучени и стручни лица за детето што побезболно да го помине тоа, додава психологот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top