| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на монструозно истепаното бебе по 24 часа пуштена од полиција

Нема притвор за мајката на ѕверски истепаното бебе, која после 24 часа е пуштена од полиција, објави 1ТВ. Обвинителството сѐ уште нема побарано притвор за мајката на бебето, кое на КАРИЛ беше донесено со тешки повреди на главата и нозете.

Од обвинителството објаснија дека ова е фаза на предистражна постапка во која се сослушуваат сведоци и лица кои се поврзани со овој настан. Се чека документацијата од МВР по што обвинителот ќе одлучи што понатаму ќе преземе.

Бебето има скршеници на двете нозе, крвавење во мозокот и скршеница на челната коска. Се претпоставува дека и претходно било малтретирано бидејќи има и повреди со старо потекло кои не биле медицински третирани.

Како што информираат од 1тв, од свои извори, повредите на детето не се настанати со удирање со тврд предмет, туку со раце и, удирање со ѕид и газење со нозе.

Дополнителни истражувања ќе утврдат дали повредите на детето се од човечки фактор и колку пати детето е малтретирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top