| четврток, 6 декември 2018 |

Петмесечно бебе спасено по седум часа, откако било закопано во шума

Петмесечно бебе е спасено седум часа откако било закопано во шума во Монтана. Бебето е пронајдено ноќта во неделата и според надлежните е во добра состојба, откако е пренесено во болница.

Старателот на детето Френсис Карлтон Кроули (32) е уапсен поради криминални активности, но според надлежните за него ќе бидат поднесени и други пријави. Не е јасно ниту која е мајката на детето, ниту пак во каква роднинска врска е уапсениот со него.

-Ова можеме да го наречеме само чудо. Полицајците кои беа присутни на овој настан, велат дека неможе ниту да се замисли што преживеало ова бебе во изминатите 24 часа – вечат од канцеларијата на шерифот.

Полицијата била повикана во областа Лоло Хот Спрингс од националната шума во Монтана Лоло во саботата навечер поради човек кој се заканувал и делувал чудно.

-Кога се обидував да го испрашам Кроули, тој делуваше дека е под дејство на дрога – но сепак посочил дека бебето е погребано најверојатно некаде во планината.

Веднаш била формирана специјална екипа која го пребарувала теренот во потрага по бебето.

По повеќе од шест часа пребарување, еден од спасителите слушнал плачење на бебе. Тој го следел звукот и го пронашол бебето живо, со главата свртено надолу, закопано под купишта гранки и ѓубре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top