Жената и нејзиното бебе кои дојдоа во Ургентниот центар во Скопје со видливи телесни повреди најверојатно биле претепани од неколку роднини на нејзиниот сопруг кој моментално е во затвор, објави „МКД.мк“.
Откако сопругот заминал на издржување на затворската казна, жената останала да живее кај неговите роднини.
По неколку месеци таа си заминала од кај нив и отишла да живее на друго место, каде што се криела сѐ до завчера кога роднините на сопругот ги пронашле и ги претепале.
По насилството, К.М.(20) и нејзината 14-месечна ќерка во 12.30 дошле во Ургентниот ценатар, а лекарите веднаш ја известиле полицијата. Мајката имала видливи повреди и рани по телото. Жената првично давала конфузни изјави за тоа како настанале повредите, од тоа дека детенцето само паднало, па дека не знаела како дошло до повредите.
Тешко повреденото детенце било задржано на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а од таму изјавија дека девојчето е во стабилна состојба, но има скршеници по телото.
– Детето има скршеници на двете нозе, а од снимките утврдивме дека има и стари фрактури на нозете. Има суспектно крварење во главата, фрактура на челната коска и други две суспектни скршеници на главата, како и крварење во мозокот. На левата нога има стара скршеница, но и други постари скршеници. Моментално е во стабилна состојба – изјавија од КАРИЛ.
Од полицијата интензивно работат на откривање на насилниците и расчистување на случајот. Истрагата треба да утврди дали насилниците кои завчера ги претепале мајката и нејзината 14-месечна ќерка, и претходно го тепале бебето и му нанеле скршеници, дали старите скршеници биле лекарски третирани и дали за претходните случаи била известена полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)