| четврток, 6 декември 2018 |

Хан со предлог: Гласањето во ЕУ да биде мнозинско наместо едногласно

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и шефот на дипломатијата на Луксембург Жан Аселборн, се заложија за укинување на едногласното одлучување во ЕУ и преминување на мнозинство донесување одлуки во надворешната политика на ЕУ.

Според изјавите на Хан, дадени за австриска телевизија, на есен предлогот за преминувањето на мнозинскиот гласачки систем ќе биде поднесен на усвојување до Европската комисија.

Како што оценува Хан, ако не се усвои систем на мнозинско носење одлуки, ЕУ никогаш немало да стане конкурентен глобален играч.

Министерот за надворешни работи на Холандија пак, истакна дека во ЕУ станало се потешко да се постигне единствен став за важните прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top