| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?

Пошто ко жаби хорски крекате како било повредено граѓанското право на глас во Австралија, истите вие погледнете си ги прилозите за гласачите од Пустец! Не што со камери и микрофони им се внесувате во лице, туку и на самото избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте податоците од луѓето или тие се од Пустец и не се луѓе? Од тука не знам како да ја сватам последната закана од Спасовски дека ќе апсел на референдумов ако некој снимал надвор од избирачко место? Зошто? До колку метри одалеченост од избирачко место е забрането снимање? Ако ја погледнете снимкава, по последниве насоки од пајаков, новинариве кои учествуваат во прилогов треба да бидат веднаш апсени! Конечно таа минорна бројка што ќе излезете,зошто се срамите да ве видат, та не сте и вие ваљда од Пустец?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top