Изненадувачки е што Унгарија го поддржува членството на Македонија во ЕУ, но не ја смета за сигурна земја, напиша еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер.
– Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа – напиша Хан.
Тој вели дека ако навистина Унгарија му дала политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, „очекува гласно објаснување за нејзините основи од унгарскиот премиер Виктор Орбан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.