| четврток, 6 декември 2018 |

Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале

Според досегашните податоци многу мала излезеност има на гласањето во дијаспората. Во избирачкото место Мелбурн, Австралија пријавени во 2016 година се 1.111 гласачи, а во 2018 година се пријавени 104 гласачи. Тоа би значело пад на пријавените гласачи за 91 %.

На гласање во 2016 излегле 527  гласачи (ВМРО-ДПМНЕ имал 470 гласа, а СДСМ 31 глас) Во 2018 година излегле на гласање 7 гласачи и тоа покажува пад на бројот на излезени гласачи од дури 98 %.

Избирачко место Канбера, Австралија:
Во 2016 година се пријавени 696 гласачи, во 2018 година се пријавени 104 гласачи, што тоа е пад од 85 % на пријавени гласачи.

Во 2016 година излегле на гласање 327 гласачи (ВМРО-ДПМНЕ 290 гласа, а СДСМ 29 гласа). Во 2018 година излегле на гласање 6 гласачи, односно пад на бројот на излезени на гласање од дури 98 %.

На избирачки список за дијаспора се 87.000 лица. За референдумот за гласање се регистрираа 2.755 лица или 3% од цела дијаспора. Од тие 3% гласале помалку од 1.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top