| четврток, 6 декември 2018 |

Бебето Маша чудо од 450 грама: Родена во 27 недела, преживеала сепса, а сега има 3 килограми и си оди дома

Бебето Маша родено е во 27 недела со само 450 грама. Поминала низ неколку тешки операции, сепса и се преживеала.

Малата Маша здрава си оди од болница. Ова е голем успех за хрватските лекари и втор ваков случај во светот.

Секој ден за ова бебе, била голема, голема борба.

Во повеќе од 30 години искуство, анестизиологот Диана Бутковиќ помало бебе никогаш немала во своите раце.

-Анестезијата мораше да биде прилагодена на нејзината градба, многу прецизна, педантна, а искуството сигурно дека ми помогна- рекла таа.

-Таа веќе на крајот на анестизјата ги помрднуваше рачињата, нозете и ние бевме многу задоволни кога го видовме тоа, и горди сме и на нас и на неа -додава таа.

-Маша претставуваше невиден предизвик и огромна одговорност. Многу се мали шансите такво дете по раѓањето да биде витално и да преживее. Ова дете се чинеше дека во првиот момент од раѓањето не дава знаци на живот, но денес медицината може да направи многу нешта, па може и во вакви ситуации што некогаш било незамисливо-рекла докторката Иванчица Шкариќ

Помогнале и направиле чудо. Маша сега има 3 килограми, јаде, има нормална столица и здрава си оди дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top