| четврток, 6 декември 2018 |

Одлучи да не молчи повеќе: Брена проговори за пеколот што го преживеа нејзиното семејство

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ поминаа низ пекол пред 18 години кога нивниот тогаш осумгодишен син Стефан беше коднапиран пред семејната куќа во населбата Бежаниска коса. Години подоцна пејачката не сакаше ниту збор да проговори за тој страшен настан, а но последниве години открива се за тоа. За неа киднапирањето на Стефан сеуште е болна точка и тема која никогаш нема да заврши.

-Киднапирањето на Стефан за мене беше како да сте доживеале метастазирање на рак и сте го преживеале. Тоа е приказна која никогаш нема да биде завршена. Како да имате ќелија во себе која може да се развие било кога. Ние сме семејство кое постојано зборува за тоа. За се, особено за нас како родители е страшно што се случи една таква криминална работа, а државата не го стори тоа што требаше. Сторителите не се пронајдени и казнети, полицијата не ја заврши својата работа. Она што сакам децидно да го кажам е дека ниту Боба ниту јас, ниту Стефан на почетокот на својата кариера не сакавме да има никакви инсинуации за киднапирањето. Доколку државата смета, или полицијата, или било кој државен орган дека треба да се истражи тоа до крај и да се најдат сторителите, тоа треба да се прави зад завесата, далеку од медиумите, рече пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top