| четврток, 6 декември 2018 |

Романскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Titus_Korlacean_954308651

Романскиот министер за надворешни работи Титус Корлацеан денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Тој со неговиот македонски колега Никола Попоски, ќе размени мислења за билатералните односи и економската соработка, за можностите за натамошен развој, како и за заедничка соработка во контекст на ЕУ, НАТО и на регионален план.

За време на посетата, се очекува министерот Корлацеан да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како и од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top