| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес од 5,8 степени во Романија

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Централна и Источна Романија.

Земјотресот е почувствуван и во Украина, во Молдавија и во Бугарија.

До сега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Според романскиот Национален геофизички институт земјотресот е регистран во три часот и 38 минути по локално време и траел неколку секунди. Епицентарот бил во реонот на Вранча, Источна Романија на длабочина од 150 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top