Возач на автомобил прегазил дете, па избегал, вчера во Тетовско, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот на локалниот пат што ги поврзува селата Желино и Долна Лешница. Тогаш автомобил од непозната марка удрил во седумгодишникот кој се движел пеш по патот.
Возачот избега без да му помогне на детето, кое било пренесено во Клиничката болница во Тетово. Таму му биле констатирани телесни повреди. Полицијата изршила увид, а се превземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.