| четврток, 6 декември 2018 |

Академик Луан Старова го отвори јубилејното издание на Саемот на книга

Пред бројна публика и љубители на пишаниот збор, како и амбасадори во земјава, синоќа во ВИП Арената „Борис Трајковски“ беше отворено јубилејното издание на Саемот на книга.

Честа да ја отвори манифестацијата му припадна на академик Луан Старова, кој го истакна значењето на пишувањето и книгата како медиум кој пренесува универзални знаења и искуства на човештвото.

На присутните им се обрати и Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој с еосврна настратегијата за културен развој.

-Министерството за култура од оваа година го активира целосно Секторот за книга при Министерството и го презема меѓународното претставување и презентирање на издавачката продукција и литературата од нашата земја, преку концептуално презентирање на автори и дела од Македонија прилагодено на тематските фокуси на саемите, што ќе ги зајакне меѓународните претставувања на македонската книжевност и издаваштво.

Меѓународните саеми се места каде што се договараат гостувања и размена на писатели, користење на авторски права и разни видови соработка меѓу издавачите и авторите. Во таа смисла, би сакал да ги поздравам претставниците на Саемот за книга во Пула, кадешто годинава Македонија ќе биде тематски фокус на саемот, истакна Алаѓозовски.

фото: МИА

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top