| четврток, 6 декември 2018 |

По 30 години – нов албум на култните „Лева патика“

Легендарната македонска рок група „Лева Патика“, чиј евергрин „Неправда“  е сместен меѓу најголемите македонски хитови на сите времиња, деновиве објави нов албум.

Албумот е првата новост од групата по повеќе од 30 години и може да се најде на интернет за бесплатно симнување, или пак во ограничено некомерцијално издание.

Албумот беше снимен уште во 1995-та година, но поради редица настани неговото издавање се одолговлекуваше дури до пред некој ден. Во 1995 година, албумот беше снимен онака како што се снимаше тогаш – аналогно и на ленти. Кога почна да се работи на песните по долгата пауза од 15 години, дел од лентите имаа изгубено од својот квалитет. Песните беа подложени на дополнителна дигитална обработка и по долгата и макотрпна работа, го најдоа својот пат до македонската публика. На албумот се наоѓаат осум нумери.

Како изведувачи се појавуваат дел од оригиналните членови, односно, Гранит Таќи (вокал), Рамиз Јусуфи – Цики (клавијатури), Аљо Исмаили (бас гитара), Драган Грујевски (гитара), а како гостин се појавува Дино Милосављевиќ (тапани), како и Леана Таќи – Леа (вокал и пратечки вокал), ќерката на Гранит.

Лева патика се формираше во 1979-та година како резултат на спојувањето на музичките таленти од неколку истакнати скопски бендови.

Првиот албум го издадоа во 1981 година, по склучувањето на договорот со реномираната издавачка куќа од Хрватска, „Сузи”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top