Скопскиот џез фестивал организира промоција на компакт-дискот “Big City Scare” на новиот бенд на Тони Китановски – Panda 5, во состав: Тони Китановски – гитара, Кирил Кузманов – алт саксофон, Трајче Велков – труба , Кирил Туфекџиевски – контрабас и Виктор Филиповски – тапани.
“Big City Scare” содржи 7 композиции. Снимен е, миксан и продуциран од страна на Ален Хаџи-Стефанов. Дизајнот на обвивката е на Иван Петрушевски. Премиерната концертна изведба на албумот ќе се случи во недела (21.10.), во рамките на 37. Скопски џез фестивал.
“Big City Scare” е 42. издание на SJF Records.
Промоцијата е вечрва (понеделник, 15 октомври), 20:30 часот, во Арт-кафе „Менада“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.