Фолк-пејачот Далибор Даки Ѓошиќ, утре, 25 jануари, ќе го промовира новиот проект „Ајде сонце зајде“ , во кој пејачот се посвети на обработка на македонски изворни песни.
– Утре сите мои гости ќе имаат можност да го погледнат спотот за насловната песна на истоимениот проект „Ајде сонце зајде“, а истата вечер ќе приредиме уште едно пријатно изненадување, односно за првпат, во живо, ќе ја изведеме и втората песна од албумот со наслов „Стамена“ – вели Далибор.
Ова е само почеток на проектот, на кој, наголемо се работи, се снимаат песни и спотови, заедно со „ВС Продукција“, а крајот ќе биде заокружен со голема промоција на целиот албум, по кој ќе следуваат концерти во и надвор од Македонија, велат од неговиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.