Додека повеќето луѓе од естрадата нерви кинат со тоа што нивната музика е забранета да се емитува на радиостаниците и на телевизиите, „Куку леле“ веќе забрзано работи на нивниот двоен албум, велат од тимот на Панки и на Роберт. Албумите ќе содржат повеќе нови, но и неколку познати нумери за публиката.
– Да, се собраа нешто повеќе песни од планираното. А, ќе ги сместиме во двоен албум, односно два компактни дискови поради различниот концепт. Знаете, како кога издавате компилација од свои поранешни песни, па на пример еден албум е само со балади, другиот е со брзи песни. Слично е и сега со нашиот материјал – вели Роберт Саздов.
Инаку за новиот двоен албум „Куку леле“ соработуваат со познати музички имиња од земјава, а во него исто така ќе гостуваат и неколку различни блех-бендови со кои Панки и Роберт настапуваат на своите концерти.
Исто така, до Нова година „Куку леле“ ќе лансираат уште две нови нумери, за кои имаат снимено и видеоспотови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.