| четврток, 6 декември 2018 |

Утре почнува најголемата книжевна манифестација: Саем на книгата 2018

30-тиот САЕМ НА КНИГАТА 2018, како значајна културна манифестација која ги обединува издавачите од Република Македонија и од регионот, ќе се одржи од 3.-9. 05. 2018 година во ВИП арена Борис Трајковски.

Меѓународниот САЕМ НА КНИГАТА, како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува широка програма на изложување, вклучувајќи:
– дела од домашни и странски автори;
– современи и класични литературни дела,
– стручна, научна и белетристичка литература;
– енциклопедии;
– дела од областа на културата и уметноста;
– книги за млади и деца;
– учебници и училишни прирачници и галантерија;
– канцелариски материјали, опрема за графичка индустрија, хартија и репроматеријали;
– современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти.

-Ја продолжуваме традицијата на Саемот на книгата, каде на едно место се претставуваат најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот што го прави овој саем еден од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околку 45.000, велат организаторите.

Во деновите на саемот, посетителите ги очекуваат бројни промоции, тематски средби и пригодни изложби, како и најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top