
Кил славеше пирова победа над Вардар (27-28) во реванш мечот од 1/4 финалето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во следната фаза, односно на Ф4 турнирот во Келн патуваат благодарение на победата со повеќе постигнати погодоци.
Тимур Дибиров повторно одигра одличен натпревар, а по мечот беше искрен и истакна дека овојпат среќата ги посакала.
-Многу сум среќен. Како што предупредувавме, така и испадна. Ова беше многу тежок натпревар. Се покажа дека Кил е добар тим, со добри поединци и тренер. Знаевме дека до последната минута ќе биде тешко и неизвесно. Денеска имавме среќа, а како велат, среќата ги прати храбрите. Тоа е сосема заслужено бидејќи цела сезона работевме напорно и изодевме долг пат, па ова е една награда. Сега одиме во Келн, повторно да испишиме историја- изјави Дибиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


