Лепа Брена моментално е на голема турнеја по Америка и Канада, на која како гостин го повела и својот син Стефан Живојиновиќ кој тргнал по нејзините стапки.
Пејачката во разговор за српските медиуми открила дека во Америка одлично си поминува и дека ужива во својата куќа во Мајами.
Брена во Америка ќе биде извесно време, а освен концертите и деловните обврски ќе најде време и за дружење со членовите на семејството кое живее таму.
Брена има сестра Факета која веќе со години живее во Канада.
-Тешко ни е што не можеме почесто да се посетуваме, поради далечината. Плачам кога нејзините деца и внуци ќе ги видам на слика – им рекла Брена на новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.