| четврток, 6 декември 2018 |

Зуди Џелили: Македонија не ни е крива,криви се политичките партии и нивните лидери

Интервју со експратеникот од ДПА, Зуди Џелили, направено за албанското издание на Република.

Зуди Џелили во пресиденцијалните избори се запозна  со еден радикален речник кажувајќи  ако Македонија не ги исполни барањата на Албанците, односно Охридскиот договор, дека Македонија ќе се уништи.
Зуди Џелили:
Мојот прв говор беше во текот на промоцијата на Дом на културата во Тетово, каде што се изјавив дека со ова кандидатура и мене ќе ми се укаже можноста да ја разоткријам антиалбанската политика во Македонија која се остварува со влечењето на Охридскиот договор, но овој пат кај Албанците ќе се загуби трпеливоста бидејќи ги немаме истите позициии како во 2001 година. Ако овој договор не се реализира иднината на оваа земја ќе биде под знак прашалник. Подоцна сфатив дека овој мој говор има поттикнато реакции кај американската амбасада и на средбата што ја имав со нив како и со сите други кандидати за да ги запознаеме одблиску со нашите платформи, ме потсетија дека грешам. Во разговор со лидерот на партијата Арбен Џафери констатирав дека Македонија не ни е крива, туку криви се политичките партии и нивните лидери.

Веќе минаа 13 години од потпишувањето на Охридскиот договор. Се вработуваат лица во администрација, но адекватното претставување на Албанците не е во соодветно ниво.
Зуди Џелили:
 Посетата на лидерот на ДУИ  во САД и во ЕУ и информациите кои доаѓаат од таму зборуваат дека Албанците се битен фактор и мислам дека во блиска иднина овој случај ќе се реши и иднината на Албанците во Македонија може да биде слична, како Швајцарија. Може да се оди во правец на кантонизација на едно ново општествено регулирање кое ќе гарантира за правата со еден јак фундамент. Често јас кажувам дека ние во Европа моментално ја делиме истата среќа со Германците: Тие ја имаат Германија, ние ја имаме Албанија, тие ја имаат Австрија, ние го имаме Косово, тие ја имаат Швајцарија, ние ја имаме Македонија. Ова се соовпаѓа со тоа дека сите се ангажираме во заедничка Европска унија.

Ќе се вратите ли на политичката сцена?
Зуди Џелили:
 Имав една средба со Али Ахмети, кој ме охрабри и истовремено имав поддршка и од Врховниот суд, кој значително ми ја намали казната. Имав можност многу рано да излезам од затвор и на последните локални избори и многумина бараа да се вратам на политичката сцена. Но, бев игнориран од поранешниот градоначалник Руфи Османи да преземаме нешто за да има измени во општината Гостивар.

Дали средбата со Али Ахмети имаше влијание? Сигурно сте се сретнале и со сегашниот претседател на општината Гостивар, Невзат Бејта.
Зуди Џелили:  Разговаравме, му излегов во пресрет и имавме резултати.

Целото интервју на албански јазик можете да го слушнете на албанската страница на Република.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top