| четврток, 6 декември 2018 |

Научен собир посветен на Блаже Конески

Научен собир посветен на 70-годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески „Земјата и љубовта“ (1948) и 25 години од смртта ќе се одржи денеска во Институтот за македонска литература-Скопје.

На собирот ќе се обратат директорката на Институтот за македонска литература – Скопје, д-р Маја Јакимовска – Тошиќ, професори од Филолошкиот и Филозофскиот факултет од Скопје и од Институтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top