| четврток, 6 декември 2018 |

Книга за поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески

„Поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески“ е насловот на новата книга на  Веле Смилевски, објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје.

Книгата се појавува по повод 30-годишнината од објавувањето на тестаменталната стихозбирка „Посланија“ на Блаже Конески, едно од најзначајните остварувања во современата македонска поезија.

Во студијата на Веле Смилевски одредницата послание е поврзувачката компонента во синтетизирањето на значењата и пораките од поетското и есеистичкото творештво на Конески. Станува збор за истражувања и анализи врз кои се толкуваат спецификите на литературното творештво на Блаже Конески од аспектите кои укажуваат на  допирните точки и преплетувања меѓу неговата есеистика и поезија.

Во посебен оддел, под наслов „Зборот“, книгата донесува избор песни кои се карактеристични за толкувачкиот пристап кон поезијата на Конески, како и факсимили на песни напишани од раката на поетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top